- Стартапите од Централна и Источна Европа собрале повеќе од солидни 5,3 милијарди евра. Регионот е на пат да го собори својот годишен рекорд за вложување во ризичен капитал и да собере 6,2 милијарди евра.
- Во Љубљана има над 600 стартапи, со вкупна вредност од 2,1 милијарди евра.
- Од Белград оперираат повеќе од 400 стартапи, вредни 1,1 милијарда евра.
- Годинава во Македонија во стартапи се вложени 10 милиони евра.
- Чисто да знаете кога следен пат ќе слушнете „создаваме атмосфера за инвестирање и иновации...“
- Патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква, е вклучен на новиот список лица на кои ЕУ сака да им воведе санкции поради војната во Украина - да им ги блокира сметките и имотот и да ги спречи да патуваат во Европа.
- Европската комисија не го открива идентитетот на лицата од проширениот список пред санкциите да бидат одобрени од сите 27 членки, но извори од Брисел потврдиле дека е допишано и името на патријархот.
- ЕУ предложи санкции против патријархот Кирил и во 2022 година, но Унгарија тогаш стави вето на одлуката, со образложение дека тоа е прашање во врска со верски слободи.
- Друга точка од 21-от пакет санкции од ЕУ за Русија предвидува забрана за влез во ЕУ на сите Руси што биле на воена служба во Украина откако почна војната во 2022 година.
- Се бараат и санкции за банки, берзи за криптовалути и за уште 30 бродови од „сивата флота“ руски танкери натоварени со нафта и гас.
- Британската владејачка Лабуристичка партија го обвини Илон Маск дека со порака на X ги поттикнал големите нереди во Северна Ирска како реакција на ѕверскиот напад на азилант со нож врз маж во Белфаст.
- „Само со ПОВТОРНО и ГЛАСНО протестирање ќе има некаква промена!!“, порача Маск пред протестите и сподели десетина локации на кои ќе се собираат луѓе.
- „Ужасно е. Секој што се обидува да поттикне и искористи ваква ситуација за да ја спроведе својата политичка агенда, греши и прави штета. Деца и семејства мораа да ги напуштат своите домови. Не сакаме да видиме вакви нарушувања, штета, бандитство, насилство на нашите улици, и секој што се обидува да го предизвика тоа треба да биде осуден“, изјави Ана Тарли, претседавач на Лабуристичката партија.
- Напаѓачот е идентификуван како Хади Алодид, азилант на Судан, кој морал да ја напушти Британија во септември 2023 година.
- Лекари сè уште се борат да му го спасат животот на Стивен О’Гилви, жртвата на нападот. Тој го изгубил левото око, а има и сериозни повреди на десното и на вратот.