- Доколку кој било бил под притисок од кого било тоа треба да го каже со име и со презиме, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање по вчерашните критики упатени од холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп, кој на средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, испрати порака дека за Холандија е „неприфатливо да се вршат притисоци врз позицијата претседател на Врховен суд“, како и дека за тоа ќе следува „силна реакција од Холандија“.
- „“Во ред е ставот на амбасадорот. Но, сметам дека ако има притисок, тој треба да се каже со име и презиме“, изјави Ковачевски.
- Оти па Американците што им го кажаа името и презимето Рамиз Мерко, ене го човекон, комплетно развластен и утучен од жестоките истраги на надлежните институции.
- На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
- Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна.
- Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка.
- Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
- Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
- Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
- Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.
- Наша стручна алпинистичка проценка: Не се важи!