- Поради пожар во конференцискиот центар итно беа евакуирани министрите и делегатите на глобалниот самит за климата КОП30 во бразилскиот град Белем. На конференцијата учествуваат повеќе од 50.000 делегати од целиот свет.
- Пожарот избувнал близу кинескиот павилјон и се проширил на покривот, но брзо бил изгаснат. На 13 луѓе им била укажана помош поради вдишување чад. Изгореле неколку павилјони.
- Причината за пожарот не е позната. Можно е да избувнал поради дефектен генератор. Кога почна конференцијата не беа завршени градежните активности во центарот.
- На министрите на самитот им останува уште еден ден да постигнат договор за целите за исфрлање на фосилните горива, за финансирање на мерките против загадување и за трговски мерки. До вчера не беше постигнат договор.
- Приведени се десетина вработени во Управата за јавни приходи во Штип и се вршат претреси на повеќе локации. Предистражната постапка, како што рече Коцевски, е поврзана со предметот за Кочани, но ќе се води одделно, во кочанското обвинителство.
- Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски потврди дека постапката е поврзана со предметот за Кочани, но ќе се води одделно, во кочанското обвинителство.
- Според првичните сознанија на Обвинителството, лицата се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување, како и давање и примање мито.