- Пред изборите, американската администрација имаше за цел остатокот од воената помош за Украина да го испорача до април. Заради победата на Трамп, испораката сега се забрзува.
- Вол Стрит Журнал пренесе дека во наредните недели, во Украина ќе бидат испорачани преку 500 напредни офанзивни ракетни проектили (Патриот и NASAMS) кои на земјата би ѝ биле доволни до крајот на оваа година.
- Трамп во кампањата повторуваше дека приоритет му е запирање на војната, меѓу другото и затоа што таа значи одлив на американски ресурси.
- Американските сили уништија и втор брод на венецуелски нарко-картел што носел дрога за САД, објави претседателот Доналд Трамп. Нападот бил извршен во меѓународни води. Загинале три лица на бродот.
- „Овие екстремно насилни картели за шверц на дрога претставуваат закана за националната безбедност, надворешната политика и виталните интереси на САД“, порача Трамп. Посочувајќи на остатоците од бродот по нападот, тој подоцна истакна дека биле пренесувани вреќи со кокаин и фентанил.
- Венецуелскиот претседател Николас Мадуро објави дека неговата земја ќе се бори против агресијата од САД. Шефот на американската дипломатија Марко Рубио го нарече „господар на смртта и војната“.
- И на 2 септември САД извршија напад врз брод, за кој сметале дека ѝ припаѓа на венецуелската нарко-банда Трен де Арагва. Загинаа 11 луѓе.
- САД испратија седум борбени бродови и една нуклеарна подморница во јужните карипски води и уште десет борбени авиони ф-35 во базата во Порторико, заради операцијата за запирање на шверцот на дрога од латиноамериканските земји. „Ќе ги најдеме, ќе ги убиеме и ќе ги разбиеме нивните мрежи низ нашата хемисфера, во време и места по наш избор“, објави шефот на Пентагон Пит Хегсет.
- Американски воени офицери ги набљудуваат заедничките воени вежби на Белорусија и Русија „Запад 2025“, близу до границата со Полска и Балтичките земји.
- Ќе ви покажеме сè што може да ве интересира. Сè. Можете да разгледате, да разговарате со луѓето, им рекол белорускиот министер за одбрана Виктор Хренин на двајцата американски офицери.
- Како набљудувачи на воените вежби има офицери од 23 земји, вклучувајќи уште две членки на НАТО - Турција и Унгарија.
- Џон Коул, личен емисар на американскиот претседател Доналд Трамп, пред една недела беше во Минск на разговори со белорускиот лидер Александер Лукашенко и обезбеди договор за ослободување на 52 затвореници, вклучувајќи новинари и политички противници на властите. За возврат САД ги олеснија санкциите за белоруската национална авиокомпанија „Белавија“. Трамп побарал повторно да биде отворена амбасадата на САД во Минск, да ги нормализира политичките односи и да ги обнови билатералните економски и трговски врски.