Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Коцарев: Осмели се да бидеш мудар!

20 април 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Од неправдите што државите на ЕУ ги правеле во минатото: колонизирањето и експлоатирањето на светот, преку егзодусот на Македонците од Егејска Македонија и непризнавањето на македонското малцинство од соседите, до донесувањето на официјалниот нејзин документ – Преговарачката рамка, со што се потврдува идентитетски и културен геноцид на Македонците, ЕУ покажува дека, всушност, нема демократски, праведен и кредибилен пристап за проширување.
  • Незрелоста е неможност да се искористи својот интелект без водство на друг. Оваа незрелост се јавува сама од себе кога нејзината причина не лежи во недостатокот на интелект, туку во недостатокот на решителност и храброст да се искористи својот интелект без водство на друг.
  • Во предвечерјето на изборите, повикувам: Осмели се да бидеш мудар! Користи го сопствениот разум, биди мудар, а не партиски послушник, размисли за решенијата и дејствата што политичките субјекти ги правеа меѓу двата изборни циклуса. Од независноста до денес искусивме материјална деградација: сите крадеа, меѓутоа духовната деградација – културниот геноцид, што се случи во последниве седум години не може да се спореди со ништо друго. Духовната деградација се манифестираше преку велепредавство, изневерување на македонските принципи, плиткост, неукост, самоукинување, неправда, работење против националните интереси, разнебитување на Македонија по сите основи, по сите шевови, поразена и предадена Македонија, демакедонизирана Македонија, помор на македонскиот род, македонското име, на сè што е македонско. Па затоа, не заборавај го духовниот пустош што го оставија сегашниве властољупци (вклучувајќи го и претседателот на Македонија) – пустош што направи нашите животи да станат бесцелни, безидејни, нестварни, депресивни, конфузни, очајни.
извор

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

31 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Свештеникот Стеван Здравевски од Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА повторно ја нападна Владата поради процесите на дигитализација, овој пат реагирајќи на идејата за воведување дигитални возачки дозволи и лични документи.

  • Здравевски тврди дека со дигиталните документи, кои според неговото толкување го сведуваат човекот на идентификациски број, се брише личниот идентитет и човекот престанува да биде личност.

  • Свештеникот ја споредува дигитализацијата со системот на идентификација на затворениците и логорашите, кои, како што наведува, не биле препознаени по име и презиме, туку по број.

  • Оди и чекор понатаму, поврзувајќи ја дигитализацијата со сатаната и Антихристот. АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ КРСТЕНИ ДА НЕ СЕ ЛАЖАТ ДА СЕ ДИГИТАЛИЗИРААТ БИДЕЈЌИ СО ТОА ВЛЕГУВААТ ВО ДИГИТАЛНИОТ ЛОГОР НА САТАНАТА И ГО ДОБИВААТ БРОЈОТ НА АНТИХРИСТОТ 666, ЗА КОЈ ШТО Е ПРОРОКУВАНО ВО СВ. ОТКРОВЕНИЈЕ, пишува Здравески на фејсбук.

извор

Почина Мишо Ковач

31 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Легендарниот далматински и хрватски пејач Мишо Ковач почина на 85 години.
  • Роден е во 1941 година во Шибеник и растен на истата улица од која се дојдени уште двајца хрватски музички великани, Арсен Дедиќ и Вице Вуков. 
  • Со над 20 милиони продадени плочи и куп хитови кои уште се пејат, животот на Мишо Ковач беше испреплатен со спектакуларна слава, преполни стадиони и тешки семејни трагедии. 
  • Се женеше три пати, еднаш со една од најубавите жени во државата, Мис на Југославија, Анита Бутурина.
  • Во 1992 година неговиот 16 годишен син Еди го губи животот под докрај неразјаснети околности. Мишо никогаш не ја прифати официјалната верзија дека се работи за несреќно самоубиство. 
  • Подоцна Мишо Ковач ги губи и мајка му и брат му. После неколкугодишна депресија, во 1999 година се обидува да се самоубие, пукајќи си во гради. Преживува.
  • Разгрлена кошула, наочари, мустаќ, златни ланчиња и дигнати раце. Доволен му беше еден замав со раката за цел стадион да ја допее песната.
  • „Има луѓе кои и за време на животот станале поголеми од себе, од збирот на сите свои плусеви и минуси.
    Дали и колку нивните дела ви биле битни, што мислите за нивниот стил и слични, во други случаи обично важни работи, за таквите калибри не важат. Таквите се баждарени поинаку и не се судат со овоземни мерки.
    Од таквите Хајлендери, ние го имавме Гоце Арнаудов, а Далмација го има Мишо Ковач.
    Повеќекратен шампион во областа на музиката и повеќекратен губитник во областа на животот, Мишо е некој за кој ви е јасно дека колку и да мислите дека грешел, за тоа можат да судат само виши инстанци“, пишавме во воведот на неговото интервју за Оффнет кое го водеше Ноне Ноциќ (види: Моите песни можете да ги игнорирате, сè додека не се вљубите).

Оди сега биди паметен па реши која песна да ја одбереш од него:

 

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Балканштина
2

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Македонштина
3

Не давајте лесно збор

Балканштина
4

По цена за околу 60 квадрати во Скопје

Видео
5

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

6

Хаос во Полска по нападот на Туск врз Уставниот суд

7

За вечера ќе му направи попара

Видео
8

И државата има апликација

Разно
1

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

2

Хаос во Полска по нападот на Туск врз Уставниот суд

3

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

4

Фолксваген не може да си дозволи „Голф“ на струја

Бизнис
5

Секс, лаги и нелегални мигранти

Свет
6

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
7

Франција ќе ги оданочува и гигабајтите на интернет

Интернет
8

Почина Мишо Ковач

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина

Желботека

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Историјата на битките околу sex.com

Тоа е тој живот

Ја пијат ли Американците тоа нафтата?

Ќефот на стареењето

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy