Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Коцарев: Два пата се делат во шумата...

30 јануари 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Повеќе од една година, од 19 јули 2022 година, политичките елити во Македонија намерно и манипулативно ја поставија промената на Уставот на пиедестал, прогласувајќи ја за единствена проевропска и демократска алтернатива, чиниш станува збор за хамлетовската дилема: да се биде или не!
  • Со ваквиот пристап се избегнува срцевината на проблемот – тоа е преговарачката рамка, најголемиот неуспех и срам на македонската дипломатија во последниве триесетина години. Патот што Македонија треба да го избере, треба да биде пат изграден од принципи, пат што се потпира на достоинството на Македонците и на искреноста за содржината и за последиците од преговарачката рамка.
  • Што мислат читателите на „Нова Македонија“: Дали преговарачката рамка и катадневните и срамни притисоци однадвор за промена на Уставот на Македонија се демократски или недемократски? „Два пата се делат во шумата…“, но јас се надевам и верувам дека Македонија ќе го избере вистинскиот пат, оној што води кон нејзиниот развиток, наспроти, за жал, кога станува збор за Македонија, патот што ЕУ ѝ го предлага на Македонија, отелотворен преку ЕУ-лисенкоизмот, со признак – недемократски.
извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Зденка цела да е

Македонштина
2

Фудбалски распад систем на Македонија

Фудбал
3

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
4

Самоил и дупките

Балканштина
5

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
6

Мирисот на Мосад

Разно
7

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

8

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
2

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

5

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
6

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

7

АНБ со мирис на УДБА

8

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Шабански подмладок

За недај iБоже

Васо је мало нервозан

Келнерски мистерии

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy