Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Ќе им плаќаме милионски пенали на Бехтел и Енка доколку доволно не им робуваме

11 април 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Договорот кој владата го потпишала предвидува милионски пенали за Бехтел и Енка доколку не добие зелено светло 60 часовната работна недела.
  • Во случај Собранието да не ги донесе законските измени со кои ќе се овозможи работниците што ќе работат на автопатите да бидат работно ангажирани 60 часа во неделата, државата од буџетот на основ на отштета ќе треба еднократно да ѝ исплати на американско – турската компанија 53 милиони евра народни пари за пенали.
  • Освен еднократната отштета, ќе треба да се плаќа и 1,26 милиони евра месечно а на ова дополнително ќе треба да се платат уште 900.000 евра секој месец, обелоденува Александар Николоски кој имал увид во договорот (овде има и фотографии).
  • „Некој ќе заглави во затвор за договорот со Бехтел и Енка“, порачува Апасиев.

 

извор

Погодете што сега сака да преименува Трамп

20 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Сака да ѝ стави ново име на вештачката интелигенција.
  • „Многу луѓе мислат дека зборовите „Вештачка интелигенција“ се неточни и многу нејасни во однос на ВИ односно вештачката интелигенција“, напиша Трамп.
  • Понуди гласање за три негови предлози: Супериорна интелигенција, Екстремна интелигенција или Врховна интелигенција. 
  • Во моментов води Супериорна.
  • Еден му има пишано: „Нè заболе бе за ова, прекини ги војните и врати го бензиот на два долара за галон“.
извор

Пет земји ја кочат интеграцијата на Црна Гора во ЕУ

19 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Холандија побарала пауза на процесите за интеграција на Црна Гора во Европската Унија укажувајќи на потребата од „дополнителна анализа и поконзистентна примена на сите утврдени стандарди“.
  • На ова барање се придружиле и Хрватска, Естонија, Литванија и Летонија. Инсистираат на темелна проверка на исполнетоста на клучните критериуми пред да се донесат какви било нови одлуки на европско ниво.
  • „Она што сега изгледа сигурно е дека нема да се затворат поглавја на маргините на состанокот на Советот на ЕУ овој месец, спротивно на претходните очекувања и најави“, заклучува подгоричкиот весник „Дан“.
  • Црна Гора досега има затворено 18 од 33-те преговарачки поглавја. Хрватска го блокираше Поглавјето 14, кое се однесува на транспортната политика. Веќе две години е блокирано Поглавјето 31 – кое ја опфаќа надворешната, безбедносната и одбранбената политика.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Погодете што сега сака да преименува Трамп

2

Пет земји ја кочат интеграцијата на Црна Гора во ЕУ

3

Балканско вуду: Проклетија

Балканштина
4

САД ќе почнеле војна со Кина поради лоша проценка на ВИ

Свет
5

Да си знаат

Македонштина
6

Си биле две бактерии, Трпе и Трпана...

Bookbox
7

Дарко Лешоски: Зошто уште го правите ова? До кога?!

Разно
8

Барселона е потресно јака, сега убедливо ја згроми и Севиља на гости

Фудбал
1

Погодете што сега сака да преименува Трамп

2

Пет земји ја кочат интеграцијата на Црна Гора во ЕУ

3

САД ќе почнеле војна со Кина поради лоша проценка на ВИ

Свет
4

Од 44 цели за храната, светот ќе ја исполни само најбаналната

Разно
5

Странски криминалци ги преполнија затворите во Финска

6

Трамп постигна договор со Данска за Гренланд

7

Економската бесмисленост на бесплатниот автобуски превоз

Урбан
8

Англиканската црква ја повлече наградата за пакистанскиот имам

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Балканско вуду: Проклетија

Македонштина

Да си знаат

Балканштина

Србија е сè, само не е досадна (компилација)

Балканштина

Оние што се по ЈУС уште траат

Македонштина

Кога со себе ќе го земеш и своето село

Македонштина

„Жртва“ на денот

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Медицински деветини

Кариера: Од дебелото црево до мозокот

Квалификации за коментирање по портали

Ник Дрејк (1948–1974)

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy