Кинеската популација почна да опаѓа за првпат во последните 60 години
17 јануари 2023
- Кинеската популација лани се намали за 850.000 илјади луѓе. Кина бележи негативен демографски тренд првпат од 1961-ва година.
- Во моментот има 1.411 милијарди Кинези, и се очекува годинава Кина да биде претекната од Индија.
- Опаѓањето на кинеската популација е резултат на „политиката на едно дете“ која се спроведуваше од 1980-та до 2016-та како и на огромното зголемување на трошоците за образование поради што многу Кинези се решаваат да имаат помалку деца.