- Листата „Србија не сме да стане“ победила во 11 белградски општини а опозиционата „Србија без насиља“ во шест.
- СНС најдобар резултат има во Сурчин (54,7 %) а над 50 проценти има уште во три општини. Опозицијата најдобар скор има во Врачар (48,4%) а победила и во Вождовац, Звездара, Нов Белград, Стари град и Савски венец.
- Во белградското собрание влегуваат и луѓе на доктор Несторовиќ, од коалицијата НАДА и социјалистите на Дачиќ.
- Бучните Двери и Заветници останаа под цензусот освојувајќи само 2,3% од гласовите.
- Рускиот претседател Владимир Путин поддржа директни преговори со Украина за нови примирја како велигденското.
- „Тоа треба внимателно да се проучи, можеби дури и билатерално“, изјави Путин за предлогот од Володимир Зеленски за 30-дневен прекин на огнот.
- Украина и Русија немале директни преговори речиси три години.
- Американскиот претседател Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио во петокот предупредија дека САД ќе се повлечат од мировните напори ако двете страни „во рок од неколку дена“ не постигнат напредок.
- Шефот на Пентагон Пит Хегсет споделил детали од воениот удар врз Јемен на 15 март во група на платформата Сигнал во која биле десетина лица, вклучувајќи ги неговата сопруга, братот и личниот адвокат, објави Ројтерс, повикувајќи се на четири сигурни извори.
- Сопругата на Хегсет, Џенифер, е поранешна продуцентка во телевизијата Фокс њуз. Таа е вработена во Пентагон и присуствувала на најмалку две чувствителни средби на Пит со странски министри и офицери. Неговиот брат Фил е службеник за врска помеѓу министерствата за внатрешни работи и за одбрана.
- Хегсет веќе е под притисок откако пред еден месец беше откриено дека уредникот на порталот Атлантик, Џефри Голдберг, по грешка бил вклучен во групата на Сигнал во која се разменувале детали од воениот напад врз бунтовничките хути во Јемен.
- „Уште еден ден, уште една стара приказна, вратена од мртвите. Немало никаква доверлива информација на никаков чет на Сигнал, без оглед на колку начини настојуваат да ја напишат приказната“, коментираше портпаролот на Пентагон, Шон Парнел.