Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Јапонска лажица која прави да ти е солено

16 јуни 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во Јапонија започна продажба на електрична лажица за која велат дека ја унапредува задравата исхрана затоа што го засилува солениот вкус без додавање сол.
  • Ова е прва комерцијализација на иновацијата која лани доби награда на сатиричните и научно-забавни Иг Нобелови награди.
  • Јапонската кујна знае да биде доста солена а просечен Јапонец дневно конзумира двојно повеќе сол отколку препорачаната доза на СЗО. Преголемо конзумирање сол носи висок крвен притисок, мозочни удари и друго.
  • Лажицата чини 117 евра.
извор

Црногорски вицепремиер го прогласи Улцињ за „албански град“

4 август 2026
  • Share
  • Post
  • „Улцињ е албански град, заробен од корумпирани политичари“ и ќе биде „ослободен“ на локалните избори во 2027 година, објави на својот профил на Инстаграм потпретседателот на Владата на Црна Гора и министер за економски развој Ник Ѓелошај.
  • Соочен со лавина осуди, вицепремиерот одговори дека не изразил територијални претензии кон земјата во која извршува висока функција, туку ја опишувал „историската и демографската посебност на градот“.
  • Скандалозната порака е поттикната од вжештената дебата во црногорскиот парламент меѓу претставниците на две албански политички групи: Албанскиот форум – на кој му припаѓа Ѓељошај – и Албанската алијанса, во врска со предлог-законот со кој се воведува статусот „град“ како посебна единица на локалната самоуправа.
  • Албанската алијанса тврди дека со новиот закон Улцињ би го изгубил статусот на град. Пратеникот Артан Чоби од Албанскиот форум во расправата изјави дека Улцињ е „древен илирски град со кој се гордеат Албанците ширум светот“ и дека бил „албански град“ кога станал дел од Црна Гора во 1878 година.
  • „Многу политичари во Црна Гора јавно се залагаат за граѓанска држава, но зад таа реторика честопати се кријат национални интереси“, забележа политичкиот аналитичар Стефан Ѓукиќ.
извор

САД ги потрошиле скоро сите прецизни ракети со долг дострел

4 август 2026
  • Share
  • Post
  • Копнените сили на САД во петмесечната војна против Иран ги потрошиле „практично сите“ залихи на ракети од типот ATACMS (армиски тактички ракетни системи) и PrSM (ракети за прецизни удари), изјавиле за Ројтерс тројца упатени извори од Вашингтон. Тие не наведуваат колку точно ракети земја-земја ѝ останале на располагање на Армијата на САД.
  • Ракетите ATACMS испорачани од САД ѝ помогнаа на Украина да напаѓа цели длабоко на руска територија. Ракетите PrSM се од понапредна генерација, со уште поголем дострел. Секоја од нив чини над 1 милиони долари.
  • Залихите на PrSM биле мали уште на почетокот на војната, бидејќи тие се релативно нова муниција, но американската војска има нарачано голема количина од нив за 2027 година. Ракетите ATACMS постепено се повлекуваат од употреба и од производство за да бидат заменети со поновите ракети PrSM.
  • Изворите на Ројтерс тврдат дека залихите се намалени поради одлуката на администрацијата на Трамп да избегне класични бомбардирања цели во Иран за да не се загрозат пилотите и авионите. Долгострелното оружје е побезбедно, но во исто време е незаменливо за евентуален судир со земји со многу помоќна противвоздушна одбрана, како што е Кина.
  • „САД поседуваат далеку повеќе муниција од кој било друг во светот и далеку повеќе отколку што ни е потребно. Нашите одбранбени компании во овој момент произведуваат повеќе муниција од кога било досега и ги прошируваат своите погони и капацитети на рекордно ниво“, изјави неодамна претседателот Трамп.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Столе Димитриевски со измешани емоции: Следи посебна, тажна и емотивна сезона за Валенсија

Фудбал
2

Англиските полицајци од сите вери се повикани да постат за Рамазан

Разно
3

Автомеханичарски Мастерклас

Македонштина
4

Бартломеј Кубковски - првиот човек што го преплива Балтикот

5

После поништен испит во Индија, 21 се самоубиле

6

Срѓан, колкаво ти е IQ-то?

Мешано
7

Продал визија за 45 милијарди долари, а потоа сè изгубил за 20 дена

Бизнис
8

40 минутната реплика на Феѓа Штукан

Документарец
1

Англиските полицајци од сите вери се повикани да постат за Рамазан

Разно
2

Бартломеј Кубковски - првиот човек што го преплива Балтикот

3

После поништен испит во Индија, 21 се самоубиле

4

Продал визија за 45 милијарди долари, а потоа сè изгубил за 20 дена

Бизнис
5

САД продаваат евра за да купуваат јени

6

САД ги потрошиле скоро сите прецизни ракети со долг дострел

7

Шверцери префрлаат мигранти од Британија до Шпанија

8

Фаучи во пензија го дуплирал богатството

Разно
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Автомеханичарски Мастерклас

Балканштина

Спомени од пеколот

Балканштина

Дали глуп човек може да слуша добра музика?

Македонштина

Ништо не може да нè сопре!

Македонштина

Учиме непознати термини: Заштита при работа

Разно

Охрид во 1970

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Тинејџ битка за плакарот

Колку вашето тело навистина е старо?

Ќе им здосади ли некогаш да верглаат?

Зошто исчезна оваа фотографија?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy