- Арбен Таравари и Алијансата на Албанците се меѓу два огна - едниот од косовскиот премиер Курти, другиот од Еди Рама и неговиот овдешен сојузник Али Ахмети.
- Косовскиот премиер отворено интервенира во изборните процеси во Македонија, оценува новинарот Батон Хаџиу, но во политичкото дејствување е изложен на двојна блокада, од Еди Рама и од Али Ахмети.
- Ако Таравари се приклони кон опозицијата, тоа може доста да смени во шансите да се победи ДУИ, за што отворено навива самиот Курти кој и преку кандидати од косовската Самоопределување планира да упадне во македонските избори.
- Според новите правила за еколошки дизајн за одржливи производи, од 1 јули на пазарот на ЕУ ќе може да се купуваат само сушари за алишта со топлински пумпи.
- За разлика од традиционалните кондензаторски сушари, кои користат електричен грејач, моделите со топлински пумпи работат на принципот на рециклирање на топол воздух и важат за најефикасна технологија за сушење облека.
- Работат на пониски температури, и се за 28% енергетски поефикасни од класичните модели, според американското здружение Energy Star.
- Трговците на мало се должни најдоцна до 18 јули да ги означат овие апарати со нова енергетска ознака, која веќе се користи за други апарати за домаќинство од 2021 година.
- Новата етикети за енергија имаат појасни и полесно разбирливи ознаки од А до G без поткласи означени со плусеви.