- Седум луѓе кои работеле за хуманитарната организација „Светска централна кујна“ настрадале во воздушен ракетен напад на нивниот конвој извршен од израелските воени сили.
- Меѓу жртвите има Британци, Американци,Австралијанци, Полјаци и Палестинци.
- Скандалот го призна и Бенјамин Нетанјаху ама било несакајќи.
- Дузина светски политичари и државни инстанци споделија со јавноста дека се шокирани и со скршени срца.
- Во меѓувреме, Израел подготвил нов план за прекин на огнот и враќање на заложниците. Медијатор меѓу Израел и Хамас е Египет.
- Лари Пејџ и Сергеј Брин ја пререгистрирале фирмата преку која управуваат со своето богатство, Т-Рекс ДОО. Беше основана и функционираше на адреса на Пало Алто во Калифорнија. Oд пред некој ден е со седиште во Делавер.
- Го направиле тоа во последните денови од декември 2025-та за да го фатат рокот: најавениот нов закон за оданочување супер - богаташи ќе важи за состојба од први јануари 2026-та.
- Новиот закон ќе ги засегне сите што жители на Калифорнија кои имаат над една милијарда долари. Таквите ќе бидат еднократно репнати со пет проценти од нивното богатство.
- Во Калифорнија ги има околу 200. Пејџ и Брин имаат по преку 250 милијарди.
- Лари Пејџ неодамна си купи две куќички во Мајами за само 173 милиони долари.