Ројтерс објавува меил од Илон Маск, во кој ЦЕО-то на Тесла на своите директори им порачува дека ќе мораат да го намалат бројот на вработени за 10% затоа што тој има „супер лошо чувство“ за правецот во кој се движи економијата.
Насловот на мејлот до кој доаѓа Ројтерс е „паузирање со сите вработувања на светско ниво“.
Тесла на светско ниво има околу 100.000 вработени, што значи дека се подготвува за отпуштање на околу 10.000 вработени.
Пред некој ден Маск на Твитер напиша „Рецесиите ја вршат виталната економска функција на прочистување“.
На основа на стратифициран примерок од досегашните резултати, носителот на владејачката листа, доскорешниот претседател Александар Вучиќ изјави дека е јасно дека ги изгубиле изборите и дека победник е Студентската листа.
Според истражувалкиот центар ЦРТА, Студентската листа освоила 51,47 отсто од гласовите на изборите во Србија, додека листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ добила 40,42 отсто.
Ниедна друга листа, со исклучок на малцинските, не го минала цензусот.
Вучиќ порача дека паднале во вода сите лаги дека нема да ги признае резултатите, дека ќе одговори со насилство, дека се подготвува да бега од земјата и слично.
„Им честитам на оние кои победија иако тие беа само изведувачи на валканите работи“, кажа тој и рече дека едвај чека да го гонат за измислиците како што е звучниот топ.
СНС ќе има преку 100 пратеници во парламентот. „Ќе им покажеме што е опозиција,“ им порача Вучиќ на победниците и прес конференцијата ја завршија со песна.
Бугарија е на пат да забележи историски најниска излезност на првиот круг од претседателските избори. Според последниот официјален пресек на Централната изборна комисија, до 16 часот гласале само 16,04 отсто од избирачите.
Според две од трите мерења, до два часа пред затворањето на избирачките места гласал само секој петти избирач.
На претседателските избори во 2021 година во истиот период излезноста била 24,12 отсто, односно за повеќе од 8 процентни поени повисока.
Во 1992 година, на првите демократски претседателски избори, излегле 75,39 отсто од избирачите, во 1996 година 63,14 отсто, а во 2001 година 41,63 отсто. Досега ниту еден прв круг не паднал под 40 отсто.