Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Хезболах го ракетираше Израел

4 август 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Проиранското либанско движење Хезболах соопшти дека за првпат лансирал десетици ракети „каќуши“ на подрачјето Белт Хилел во северен Израел како одговор на претходните израелски провокации.
  • САД и други западни земји ги повикаа своите граѓани да го напуштат Либан како знаат и умеат.
  • BBC потсетува дека Израел вети сериозна одмазда за Израел за убиството на шефот на Хамас, Исмаил Ханије во Техеран, само неколку часа откако го уби и високиот командант на Хезболах, Фуад Шукр, во Бејрут.

 

извор

RIP Чак Норис

20 март 2026
  • Share
  • Post
  • На возраст од 86 години на Хаваи почина Чак Норис, поранешeн шампион во боречки вештини и херој на акциони филмови, персонификација на безмилосен јунак со натприродна сила.
  • „За светот, тој беше боречки уметник, актер и симбол на сила. За нас, тој беше посветен сопруг, грижлив татко и дедо, неверојатен брат и срцето на нашето семејство. Тој го живееше својот живот со вера, цел и непоколеблива посветеност на луѓето што ги сакаше. Преку неговата работа и дисциплина и љубезност, тој инспирираше милиони луѓе низ целиот свет и остави траен впечаток врз толку многу животи“, објави неговото семејство.
  • Шесткратниот шампион во карате (без пораз) ја почна филмската кариера како главен негативец против Брус Ли во „Патот на Змејот“ (се тепаа во Колосеумот во Рим). Потоа се прослави со улогите во „Вокер, Тексашкиот ренџер“ и „Делта форс“. 
  • Молчеливоста и ледениот израз на лицето му донесоа култен статус. Беше неисцрпна инспирација за „факти“ - вицеви во кои секогаш и без исклучок ги победуваше сите противници, дури и законите за природата.
  • Наместо да го оплакуваат, фановите потсетуваат:

Чак Норис нема смртен час. Смртта има Чак Норис час.

Чак Норис не умира од срцев удар. Срцевиот удар умира од удар на Чак Норис.

Чак Норис умрел пред 20 години. Смртта дури сега собрала храброст да му каже.

извор

Гувернерката ги моли иселените милионери да се вратат во Њујорк

20 март 2026
  • Share
  • Post
  • Демократската гувернерка на Њујорк, Кети Хочул, ги повика богатите даночни обврзници да не се селат во Флорида или Тексас, затоа што без нив е поткопана даночната основа на нејзината сојузна држава.
  • Хочул ги повика да се вратат во Њујорк за да ги поддржат програмите за социјална помош.
  • Во времето на пандемијата од 2020 до 2023 година, кога Хочул воведе строги ограничувања, Њујорк загуби речиси 1 милион жители. Високите даноци по пандемијата поттикнаа да заминат уште 250.000 до 2025 година. Државните даноци во Њујорк се речиси три пати над националниот просек, а трошоците за живот се повисоки за 50%.
  • „Кети Хочул конечно откри дека луѓето си заминуваат кога ги зголемувате даноците и трошоците за живот, го отежнувате работењето и се обидувате да ги уништите заштедите на семејствата. Очигледно, новата стратегија за економски развој на Хочул е учтиво да ги замоли да се вратат“, коментира Брус Блекман, кој во ноември ќе ѝ биде противкандидат на гувернерката.

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Маливе знаат да ценат

Македонштина
2

САД почнаа офанзива за отворање на Ормускиот проток

3

Ниски удари

Балканштина
4

Во Македонија рокот на траење е пет години пократок отколку во ЕУ

5

Мора ли во сè да бидеме последни?

Балканштина
6

„Страва“ во живо ја цртала позицијата на носачот „Шарл де Гол“

Свет
7

Трамп беше во право... пред шест години

Разно
8

Израел и Иран удрија врз најголемите полиња на гас во светот

Свет
1

САД почнаа офанзива за отворање на Ормускиот проток

2

Во Македонија рокот на траење е пет години пократок отколку во ЕУ

3

„Страва“ во живо ја цртала позицијата на носачот „Шарл де Гол“

Свет
4

Израел и Иран удрија врз најголемите полиња на гас во светот

Свет
5

Мамдани ја ограничува брзината во Њујорк на 24 км/ч

Урбан
6

RIP Чак Норис

7

Глобални препораки за нафтената криза: Работа од дома, возете бавно, не летајте...

Свет
8

Гувернерката ги моли иселените милионери да се вратат во Њујорк

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Маливе знаат да ценат

Балканштина

Ниски удари

Балканштина

Мора ли во сè да бидеме последни?

Балканштина

Кебапство и единство

Балканштина

Некои нови миленца

Балканштина

Признајте си

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Има математика и во селски туризам

Ник Кејв: Зошто вештачката интелигенција не може да направи одлична песна?

До толку ли е срам да се сликаш со нив?

Најлошиот келнер во историјата

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy