- Во своето второ, 12 минутно обраќање, новиот ирански лидер постави три остри барања за да се стави крај на војната:
- брзо повлекување на американските сили од Блискиот Исток;
- целосно укинување на санкциите во рок од 60 дена;
- долгорочна финансиска компензација за претрпените економски штети.
- Во спротивно Иран ќе ескалира и формално ќе усвои политика на развој на нуклеарно оружје после години колебања околу оваа цел.
- Хамнеи рече дека Ормускиот теснец може целосно да се затвори и Техеран ќе ги формализира безбедносните договори со Москва и со Пекинг, зацврстувајќи го новонастанатиот сојуз CRINK (Кина, Русија, Иран, Северна Кореја). За неколку часа, и Пекинг и Москва издадоа соопштенија со кои - иако со претпазлив јазик- недвосмислено се усогласија со рамката на Техеран.
- Володимир Зеленски изјави дека би прифатил мировен договор кој би го потврдил разграничување на Украина и Русија по сегашната линија на фронтот.
- Тој потврдно одговори на прашањето од водителот на Фокс њуз, Брајан Килмид, „дали би се согласил на мировен договор со кој би се замрзнал статус квото, при што Украина би задржала најмалку 75% од својата територија?“.
- „Во моментов треба да ја замрзнеме ситуацијата и сметам дека тоа е вистинскиот пат кон завршување на оваа војна. Ние тоа го нарекуваме прекин на огнот“, рече Зеленски.
- Ако ова е прифатливо и за Русија, Киев би преговарал за безбедносни гаранции од САД и европските сојузници.
- Зеленски ова го изјави по средбата во Осло со американскиот мировен пратеник Стив Виткоф, кој продолжи во Москва за да му го претстави новиот американски мировен план на рускиот претседател Путин.
- Претходно Зеленски изјави дека Украина „не ја губи војната“, туку „губи луѓе, време, децата растат во воени услови...“ и затоа војната мора да заврши што е можно поскоро.