Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Гордон Ремзи: Не ги нарачувајте овие две работи

25 ноември 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Прво, не нарачувајте „специјалитет на куќата“. Обично, тоа служи главно за да ве одерат со цената.
  • Второ, пред да нарачате „супа на денот,“ прашајте го келнерот што било вчера супа на денот. Во повеќето случаи, ќе сфатите дека цела недела ја служат истата супа.
  • Совет за резервирање: Ако сакате да нарачате маса за романтчна вечера за двајца, нарачајте маса за тројца, поголеми се шансите да ви биде резервирано.
извор

Чикаго и ЛА ќе бидат „полигони“ за воена обука

1 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Претседателот Доналд Трамп им порача на генералите како „полигони“ за обука на војската да ги користат Чикаго, Лос Анџелес, Сан Франциско и другите американски градови со висока стапка на криминал. Трамп веќе нареди распоредување трупи од Националната гарда во Вашингтон, Лос Анџелес и Портланд, но бара и вклучување на војската.
  • „Тие се многу небезбедни места и ние ќе ги средиме едно по едно. Тоа ќе зависи и од некои од луѓето во оваа просторија“, порача Трамп, обраќајќи им се на повеќе од 800 генерали во базата Квантико на Пентагон. Трамп ги предупреди дека „граѓанските немири се внатрешен непријател“ и додаде дека „откако ќе бидете вклучени ситуацијата нема да излезе од контрола“.
  • Министерот за војна Пит Хегсет го свика големиот собир на генерали за да им ги претстави „највисоките машки стандарди“ за физичка и морална спремност на војската.
  • Нема да се толерираат „разбудената“ култура, дебелите офицери и носењето брада. Ќе бидат вратени најстрогите тестови за физичка спремност, кои ќе важат и за жените. Ќе се охрабрува построга обука и дисциплина, а ќе се толерира викање, пцуење, растурање кревети, па дури и „кревање рака“ врз војник.
  • Генералите молкум го слушале предавањето, а некои пишувале забелешки во тефтер. Кога Трамп се качил на сцената по Хегсет, забележал: „Никогаш порано не сум влегол во толку тивка соба“.

.@SecWar announces new directives to ensure that every military Combat MOS and Combat Arms position will return "to the highest male standard only — because this job is life or death."

"Standards must be met... it's common sense and core to who we are and what we do." pic.twitter.com/diAHWfKOBY

— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) September 30, 2025
извор

Уапсен нуркачот што го разнесе гасоводот Северен тек

30 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Володимир З., украински нуркач осомничен дека во 2022 година го поставил експлозивот што го разнесе гасоводот Северен тек, е уапсен во полскиот град Прушков близу Варшава. 
  • Саботажата на гасоводот на дното на Балтичко Море ја прекина испораката на руски гас до Германија. Никој не ја презеде одговорноста за експлозијата. Берлин распиша меѓународна потерница по Володимир З. осомничен дека го поставил експлозивот, и по Серхиј К. кој ја координирал акцијата.
  • Серхиј неодамна беше приведен во Италија. И двајцата ќе се борат против екстрадиција во Германија, врз основа на тврдењето дека потерниците не важат поради руската воена интервенција во Украина.
  • Нападот врз инфраструктурата се однесува кон „Газпром“, кој е еден од сопствениците и директно ги финансира воените операции во Украина, изјави адвокатот на Володимир.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Го гасат светлото во соларната централа од 2,2 милијарди долари

Свет
2

Амин

Балканштина
3

Синдикат на измамени мажи

Балканштина
4

Филмска сторија за „Изгубениот сон на југословенскиот дрим тим“

Кошарка
5

Изборната трка во Молдавија

Забава
6

Уапсен нуркачот што го разнесе гасоводот Северен тек

7

ГСД во гласна кафана

Македонски рулет
8

Газа анектирана од Трамп, управувана од Блер

Мислења
1

Го гасат светлото во соларната централа од 2,2 милијарди долари

Свет
2

Уапсен нуркачот што го разнесе гасоводот Северен тек

3

Газа анектирана од Трамп, управувана од Блер

Мислења
4

Кинески лепак за коски санира фрактури за три минути

Здравје
5

За 20 години Македонија може да има под еден милион луѓе

6

Зетот на Трамп си купи видео игри, топтан со компанијата

Бизнис
7

Јурица Паѓен побогат за 40.000 евра од негов стих на канти за ѓубре

8

Дигиталната лична карта е катастрофа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Синдикат на измамени мажи

Балканштина

Амин

Балканштина

Локален „ефект на пеперутка“

Македонштина

Македонска правописна црква

Балканштина

Животот е прекраток за да не го расчистуваш теренот

Медиуми

Гоца, стегни му ти кисче

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Британска тајна ќелија разгорувала конфликти во Украина

Ерген одев, порно ми беше

Па уште свртел телефон да се јави на телевизија

Што значи името?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy