- Украинска државјанка која живее во западниот германски град Келн е казнета со 900 евра затоа што на про-руски протест во градот рекла дека „Русија не е агресор“ и дека инвазијата била „неопходна.“
- Судот ги оценил ваквите изјави на 48 годишната Елена Колбасникова како „закана за јавниот мир.“
- Германски медиуми често ја ругаат Колбасникова како „Путиновата девојка за забава“ а таа порача дека ќе продолжи да ја зборува вистината додека „Украина не биде ослободена од нацистите“.
- Мајк Волц ја напушти позицијата советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, јавија Ројтерс и ЦБС.
- Волц е првиот висок функционер што ја напушта администрацијата во вториот мандат на Трамп. Заминува и неговиот заменик Алекс Вонг.
- Волц беше под притисок откако случајно додаде новинар во тесниот круг функционери и офицери дискутирале планови за воен удар врз Јемен.
- Трамп се обиде да ја смири вревата за скандалот, истакнувајќи дека на Сигнал не биле споделени доверливи материјали.
- Како можни наследници на позицијата на Волц се спомнуваат Стив Виткоф, кој е специјален пратеник за Блискиот Исток и преговарач за крај на војната во Украина, како и Рик Гренел, поранешен амбасадор во Германија а потоа директор за национално разузнавање.
- Турската полиција уапси 384 луѓе што со првомајските протести ја прекршиле забраната за масовни собири во Истанбул.
- Во марш кон централниот плоштад Таксим тргнале илјадници луѓе, организирани од синдикатите. Полицијата ги запрела на барикади и ги префрлала приведените луѓе во автобуси.
- Првомајските протести во Истанбул традиционално се масовни и насилни. Лани беа приведени повеќе од 200 луѓе што марширале кон Таксим. На празникот на трудот во 1977 година во судири на плоштадот загинаа 34 луѓе.
- Во Анкара и во другите големи турски градови денеска мирно протестирале илјадници луѓе. Таму масовните собири не се забранети.