- Германија објави дека ја национализира германската подружница на Газпром откако неколку месеци беше под државна управа. Национализирањето е по основа на задолженост на компанијата и за да се избегне нејзин банкрот.
- Полска пак презема „привремен задолжителен менаџмент“ на уделот на Газпром во гасоводот Јамал што е на полска територија. Ова одлука е по основа на енергетска безбедност на земјата и непречено носење одлуки во компанијата клучни за текот на гасот.
- Германија нема добиено руски гас од август годинава, а Полска беше исклучена уште во април.
- Европската унија од 1 јули годинава воведува нова фиксна давачка за мали пратки со вредност под 150 евра, мерка што директно ќе ги погоди и пратките од платформи како ТЕМУ и АлиЕкспрес.
- Давачката ќе изнесува три евра по пратка а до ноември се најавува и дополнителна такса „за обработка“.
- Лани 5,8 милијарди мали пратки со ниска вредност испратени директно до потрошувачите влегле во ЕУ. Над 90 проценти доаѓаат од Кина.
- Доналд Трамп има извадено серија опасни, будалести или глупави тврдења за војната во Иран, но ова е дури и од него над очекувањата.
- На донаторска конференција за Националниот републикански конгресен комитет во Вашингтон, Трамп „се пошегува“ дека масовното ликвидирање на раководството на Иран било толку ефикасно што најпрестижната позиција на врховен лидер станала една од најнепосакуваните функции во земјата.
- Сме слушале некои како велат „сакаме вие да да бидете следниот врховен водач.“ „“Не, ви благодарам, не го сакам тоа“ си измисли светскиот господар на буквално црниот хумор.