Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Европа ја казни Унгарија со 200 милиони евра

13 јуни 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Европскиот суд на правдата ѝ нареди на Унгарија да плати казна од 200 милиони евра поради ограничувањата на правото на азил што земјата ги воведе пред долго време.
  • Дополнително, Унгарија ќе мора да плаќа еден милион евра за секој ден одложување. Парите автоматски ќе бидат одземани од уделот на Унгарија во буџетот на ЕУ, чии делови остануваат замрзнати поради слични правни проблеми.
  • Спорот потекнува од декември 2020, но тогаш Унгарија ја игнорираше пресудата.

  • „Се чини дека илегалната имиграција им е поважна на европските бирократи од нивните европски граѓани“, кажа Орбан за кого пресудата е срамна и неприфатлица.

извор

Шефицата на АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од Шенген

24 август 2026
  • Share
  • Post
  • Копретседателката на Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, изјави дека доколку влезе во сојузната влада, нејзината партија ќе бара Германија да излезе од еврозоната и од Шенген, да ги затвори националните граници и да воведе значително построга миграциска политика.
  • „На Германија ѝ беше значително подобро пред воведувањето на еврото“, рекла Вајдел во интервју за ЗДФ, тврдејќи дека заедничката европска валута ја ослабнала германската економија и го намалила богатството на домаќинствата.
  • Во пресрет на изборите на 6 септември во Саксонија-Анхалт, АфД има поддршка од повеќе од 40 отсто од гласачите. На национално ниво, АфД има 27 отсто поддршка, додека ЦДУ е на 22 отсто.

извор

Кратко сефте за Артан Груби

24 август 2026
  • Share
  • Post
  • Главната расправа во судскиот процес за случајот „Државна лотарија“, во кој се обвинети осум лица, меѓу кои и поранешниот вицепремиер Артан Груби, е одложена на барање на одбраната.
  • Дел од адвокатите на обвинетите пред судот посочиле дека не го добиле обвинителниот акт, како и дека доказите на Обвинителството не им биле дадени на увид.
  • Судијката Биљана Шуплиновска Јолевски образложила дека поради обемот на доказниот материјал (231 материјален и седум вербални докази), доказите не биле испратени по пошта, туку биле обезбедени во кутии во судот, од каде што бранителите можат да ги подигнат и да извршат увид.
  • Артан Груби се враќа во домашен притвор а обвинетиот Прпарим Бајрами, поранешен директор на Државна Лотарија, не се враќа никаде бидејќи е во бегство.
  • Сите обвинети, наместо за проневера во службата, се товарат за друго кривично дело - злоупотреба на службената положба и овластување, кое предвидува поблага казна. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Југославија се собра во Аталанта

Фудбал
2

После ваков коментар, дигаш раце од кариера

Балканштина
3

А вие за Гоце се чудите

Балканштина
4

Српски коментаторски таленти 4

Балканштина
5

Ибрахимовиќ за новата фризура на Халанд: „Избриши ми го бројот“

Фудбал
6

Кратко сефте за Артан Груби

7

Шефицата на АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од Шенген

8

Ако може вака, Скопје е веќе спремно

Балканштина
1

Кратко сефте за Артан Груби

2

Шефицата на АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од Шенген

3

Мосад сам себе си го убил имиџот

Свет
4

Јадеме еден те ист зеленчук

Храна
5

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Храна
6

Државата плаќа приватна мамографија за пратенички (едитирано)

7

Трамп е во минус во 47 американски држави

8

Зошто професорката Христина Манческа поднесе отказ?

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Нестварни се Србиве

Разно

Охрид е најубав, ама и Австралија има за излегвење

Балканштина

Српски коментаторски таленти 4

Балканштина

А вие за Гоце се чудите

Балканштина

После ваков коментар, дигаш раце од кариера

Разно

Ројтерс за пожарите во Македонија

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Барајте дебата, не цензура

Секојдневни гревови од библиски размери

Каде бе, душмани?

Будистичкиот свештеник кој стана милијардер

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy