- Основачот на Амазон им препорача на луѓето и малите бизниси да ги одложат големите купуванки и да ги држат парите бидејќи доаѓа тешко време, тоест рецесија.
- Според Безос, сега не е најпаметно да се купуваат телевизори, коли, фрижидери... во време кога американските домаќинства се во долг од 16,5 трилиони долари и без кредитити и позајмици многумина не би го избуткале месецот.
- „Чувајте кеш и следете што се случува“, советува Безос кој планира да отпушти околу 10.000 вработени во Амазон.
- Фрчеле пцости во Белата куќа пради тоа што откако Трамп гордо објави дека постигнал прекин на огнот мѓу Израел и Иран, Израел почнал ееден од најжетсоките напади досега.
- „Мора да најдам начин да го смирам Израел“, рекол Трамп пред заминувањето на Самитот на НАТО во Хаг.
- „Штом постигнавме договор, Израел почна да фрла бомби една по друга, во најголемиот бран бомби што досега сме го виделе. Всушност, имаме две земји кои се борат толку долго и толку жестоко што дури и не знаат што прават“, рече Трамп.
- Потоа и Иран не го почитувал примирјето.
- Со 40 гласа за, 19 против и 10 воздржани Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија за 2023 и 2024 година подготвен од австрискиот европратеник и известувач за земјава Томас Вајц.
- Бугарските европратеници жестоко се спротивставија на текстот на овој Извештај поради тоа што на две места се спомнува македонскиот идентитет и јазик. Тие доставија и амандман кој од името на Европските народни партии го предложи германскиот европратеник и координатор на групата Михаил Галер од германската ЦДУ. Во него се бара македонски јазик и идентитет да стои модерен, но предлогот не помина по што беше најавено дека истиот ќе биде предложен и на пленарната седницата на Европскиот парламент.
- Бугарски европратеник се пожали дека европратениците на Орбан помогнале да им бил блокиран амандманот за македонскиот јазик.