- Откако обилните дождови и поплавите го загрозија и Вроцлав, полскиот премиер обелодени дека на помош била викната и германската армија.
- „Ако видите германски војници, на паничите, дојдени се за да помогнат“, апелираше Доналд Туск.
- Последен пар Полска масовно виде германски војници на 1 септември 1939 година, кога Германија изврши инвазија на Полска.
- Владата прогласи кризна состојба од 30 дена на целата територија на Македонија поради зголемената појава на пожари.
- „Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции - Армијата, полицијата, сите противпожарни единици, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите човечки, технички, логистички и други ресурси“, изјави портпаролката Марија Митева.
- Владата ќе обезбеди помош за сите засегнати подрачја за да се спречат поголеми последици. Ги повика граѓаните да бидат максимално внимателни и да ги почитуваат сите препораки и забрани.
- До 12.30 часот имало 9 активни и еден локализиран пожар на отворено, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).