- Започна отстранувањето на дивиот објект во Градскиот трговски центар од страната на влезот што гледа кон Плоштад Македонија.
- Станува збор за објект што се користел како „брза храна“.
- Било донесено решение дека е дивоградба и истиот морал да биде остранет. Тоа и се прави, три години по донесувањето на решението.
- ЕСМ тврди дека лицата што дале исказ дека нема штета за компанијата, што за обвинителството било причина да ја запрат истрагата околу набавките на мазут - не биле надлежни за тоа.
- ЕСМ тврди дека тие лица „не биле ниту овластени, ниту компетентни, а најмалку одговорни да даваат коментари за евентуална финансиска штета. Нивната улога, согласно барањето на обвинителката – била единствено да ги образложат техничките процеси при набавката на мазутот и реализацијата на планот за производство на електрична енергија во ТЕЦ ‘Неготино’.
- Техничките лица само констатирале дека не била нанесена штета врз планот за производство, без да се елаборира дали потрошената количина била согласно тендерските услови и договорот, појаснува ЕСМ.