Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Човекот што ни ја отвори раната, сега жали што многу сол ни сипаат во неа

7 август 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров изрази загриженост дека во последно време, терминот „северномакедонци“ премногу често започнал да се употребува од странски функционери.
  • Потребен бил посериозен фокус на ова прашање и поажурно реагирање. "Секоја употреба на терминот „северномакедонци“ освен што е навреда за Македонците е и подривање на Преспанскиот договор“, вели тој.
  • Оти па нас многу нè боли дали е тоа подривање на Преспанскиот.
извор

Хилари не се сеќава на ништо за Епстин

27 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, изјавила пред Комитет на Конгресот дека не се сеќава дека го сретнала сексуалниот престапник Џефри Епстин и дека нема што да каже за неговите криминални активности. 
  • „Не знам колку пати треба да кажам дека не го познавав Џефри Епстин. Никогаш не сум била на неговиот остров и неговите домови“, изјави Хилари Клинтон на репортерите по седумчасовното сведочење зад затворени врати. Додаде дека конгресмените, меѓу другото, ја прашувале за НЛО и за теоријата на на заговор „Пицагејт“ – дека управувала со пицерија која служела како параван за синџир со детска проституција.
  • Во еден од објавените документи од досието Епстин тој напишал дека „Хилари Клинтон изгледа многу поубаво во живо“. Претседателот на Комитетот, Џејмс Комер, забележа дека Епстин 17 пати ја посетил Белата куќа во двата претседателски мандати на Бил Клинтон, кога Хилари беше прва дама на САД.
  • Денеска пред Комитетот треба да сведочи и Бил Клинтон. Него го има на многу фотографии заедно со Епстин и со девојки на неговите имоти.
  • „Клинтонови не одговорија на многу прашања за Епстин. Во овој момент никој не ги обвинува Клинтонови за какво било кривично дело. Тие ќе имаат соодветна постапка. Но, имаме многу прашања, а целта на истрагата е да се обидеме да разбереме многу работи за Епстин“, изјави Комер.
извор

Пакистан му објави војна на Авганистан

27 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Пакистански авиони бомбардираа цели во Кабул, Кандахар и други градови во соседен Авганистан, по неколкудневни престрелки на границата. 
  • „Нашето трпение се прелеа. Сега е отворена војна“, објави министерот за одбрана Хаваџа Мохамад Асиф.

  • Покрај бомбардирањето, Пакистан извршил и артилериски и воздушни напади врз талибански позиции, штабови и складишта за муниција во повеќе сектори долж границата од 2.600 километри.
  • Исламабад тврди дека во првичниот бран напади биле убиени 133 авганистански војници и повеќе од 200 биле ранети. Талибанците тврдат дека убиле десетици пакистански војници.
  • Властите во Исламабад ги обвинуваат талибанците дека им даваат засолниште на милитантни групи што спроведуваат напади врз Пакистан и потоа се повлекуваат во Авганистан. Талибанците го отфрлаат обвинувањето.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Хусо ја одра Германија

Разно
2

Секој со своите маки

Македонштина
3

Аматери се будат само со мамурлук

Македонштина
4

Информер знае кој го разболел Дачиќ

Медиуми
5

Гејтс призна афери со Русинки, ама не му ги наместил Епстин

Свет
6

Историско помирување во Паланка

Разно
7

Навивачот на Реал нема да припари на стадион поради нацистичкиот поздрав

8

Падна скалп од Харвард заради Епстин

1

Хусо ја одра Германија

Разно
2

Гејтс призна афери со Русинки, ама не му ги наместил Епстин

Свет
3

Падна скалп од Харвард заради Епстин

4

Како на Орбан да му се осигура победа за да се откаже од блокадите?

Свет
5

Ако дојде до светска војна, ќе биде нуклеарна

Свет
6

Куба пресретна чамец со вооружена група од Флорида

7

ФБИ тајно го следеле нивниот сегашен шеф

Свет
8

Орбан ја крева армијата да ја брани Унгарија од украински саботери

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Аматери се будат само со мамурлук

Македонштина

Секој со своите маки

Разно

Историско помирување во Паланка

Балканштина

Aфтерчварк

Балканштина

ЛШТШФУМ, брате

Балканштина

Кога народњак ќе купи мајмун рокер

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

50 причини зошто да го сакате Витгенштајн

Човек на човека му е музичар

Како да се трудиш без да се трудиш?

И вљубеноста има факти

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy