Честито 20% инфлација во Македонија
17 ноември 2022
- По најголема заслуга на растот на цените на храната, годишната стапка на инфлација во Македонија во октомври достигна 19,8%.
- Како мерка против инфлацијата НБРМ ја зголеми камататна стапка за 0,75% и сега изнесува 4,25%. Очекувањето е дека повисоките камататни стапки ќе го стимулираат штедењето во денари.
- Што се однесува на БДП во првите шест месеци од годинава имаме „умерен реален раст“ од 2,6%, што за третиот квартал се очекува да биде уште полошо.
- Процените на НБРМ за глобалната економија е проблеми со економскиот раст во еврозоната, стабилизирање во САД, и уште поголема инфлацијата на глобално ниво.