Македонските автори и уметници мора да го познаваат потпишаниот договор и протокол со Бугарија ако помислат да бараат финансиска поддршка од својата држава.
Петар Андоновски (писател): „Збунувачки и застрашувашки. Прво, јас треба да внимавам што ќе пишувам, дека некој друг ќе одлучува дали е тоа прифатливо или не и впрочем: што е говор на омраза? Дали историската вистина е говор на омраза?“
Дарко Митревски (режисер): „Ваков орвелијански тоталитаризам, европскиот континент не памети од времето на нацизмот во Втората светска војна. Да се забранува не само слободен говор туку да се забранува и слободна мисла. Да ти се забранува да мислиш“.
Министерката за култура им порачува да не се грижат. Каков тоа дунстер плаќаме на таа висока позиција говори нејзината препорака до македонските автори и уметници „да се твори во духот кон тоа што ќе го расположи народот“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.