Божин Павловски: Лудаци, исправете си ја грешката додека не е предоцна
-
Ги поништивте личните документи во кои стои дека за нивната валидност гарантира државата до последниот ден на нивното истекување.
-
Не понудивте бесплатна замена на валидните документи, што е обврска на државата.
-
Не го поштедивте својот народ од понижување да чека и смрзнува во редови и да живее во неизвесност.
-
И сега велите дека тој што не извадил документи со новото име на државата ќе нема право да гласа на изборите.
-
Простете, но вие сте за во лудница.