- Американскиот претседател објави дека повторно ќе се кандидира за претседател на САД на изборите 2024, и повторно со Камала Харис како негова потпретседателка.
- Иако е стандардно актуелен претседател да се кандидира за втор мандат, во случајот со Бајден дилемата беше заради неговата возраст и здравствените проблеми кои доаѓаат со неа. Бајден има 80 години, по завршувањето на вториот мандат тој ќе има 85 години.
- И на денешен ден, со 80 години, Бајден е најстариот претседател во историјата на САД.
- За сега најверојатен противкандидат на Бајден е неговиот претходник Доналд Трамп, кој сега ќе треба да ја истрча целата трка почнувајќи од изборите за партиски кандидат.
- По 13-часовна седница, Советот на Град Скопје едногласно ја прифати иницијативата на Зелен хуман град за дислокација на цементарницата „Усје“.
- Град Скопје ќе побара од Министерството за животна средина да се испита работењето на Усје и на сите големи индустриски загадувачи, како и дали целосно ги исполнуваат условите и обврските од дозволите за работа и важечката еколошка регулатива.
- Од Државниот инспекторат за животна средина се бара да спроведе серија ненајавени вонредни инспекциски надзори, со цел да се утврди фактичката состојба.
- Градоначалникот на Скопје е задолжен да се обрати до Владата за да се разгледа можноста за започнување постапка за дислокација на „Усје“ и на другите големи индустриски загадувачи на соодветни локации надвор од скопската котлина, пренесува Макфакс.
- Рускиот претседател Владимир Путин би прифатил размена на одредени територии со Украина за да заврши војната. На средба со стопанственици во Кремљ тој истакнал дека сè уште е спремен за можните отстапки за кои разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп на самитот во Алјаска во септември.
- „Во суштина Путин не отстапува од ставот Донбас е наш, но не ја отфрла можноста за размена на територии. Не прифаќа дискусии за стратегискиот јазол Краматорск-Контстантиновск-Славјанск“, забележува новинарот на Комерсант, Андреј Колесников.
- Руските сили сега контролираат околу 90% од територијата на Донбас и околу 75% од териториите на регионите Запорожје и Херсон, како и мали реони околу Харков, Суми, Николаев и Днепропетровск.
- Путин говорел и за заедничко управување на нуклеарната централа Запорожје заедно со САД, а не со Украина, и за распределбата на генерираната струја. На прашањето дали украински специјалисти би можеле да работат во централата, тој одговорил: „Тие веќе работат како и порано, само што сега имаат руски пасоши“.
- Во новиот мировен план од 20 точки усогласен од САД и Украина, оставени се отворени прашањата за територијалното разграничување и управувањето на централата Запорожје. Претседателот Володимир Зеленски не ја отфрла идејата за повлекување на украинските сили од Донбас за да се воспостави демилитаризирана зона. За централата Запорожје бара да биде заеднички управувана од САД и Украина.