Шест месеци поминаа откако министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски најави асфалтен бум во 2023 година.
Ниту петте километри автопат кај Катланово се санирани, ниту се гледа дека во догледно време делницата ќе се пушти за употреба, а фрекфенцијата поради годишните одмори е драстично зголемена.
Во период од околу четири часа вчера беа откажани сите авионски летови на територијата на САД. Ова е најдолгото општо приземјување на авиони по терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.
Забраната за летови траела од 15.54 до 20.15 часот според локално време. Во тој период, според FlightAware, биле откажани повеќе од 8.500 летови и уште 8.000 биле одложени, вклучувајќи и меѓународни.
Министерот за транспорт Шон Дафи изјави дека бил преоптоварен постариот систем за комуникација во контролата на летање. „Станува збор за аналогна телекомуникациска опрема. Нашите централи и рутери всушност беа преоптоварени со податоци, па престанаа да работат“, рече Дафи. Според него, на системот му е потребна целосна реконструкција, со проценет трошок од 50 милијарди долари.
Секретарот за внатрешна безбедност, Марквејн Малин изјави дека нема „апсолутно никакви докази“ дека прекинот бил предизвикан од кибернетски напад. Отфрли и поврзаност со глобалниот прекин во работата на апликации на Микрософт, кој почна во четвртокот.
Надминувањето на техничкиот дефект ќе предизвикува повремени застои во авионскиот сообраќај уште неколку дена.
Руската делегација на преговорите во Абу Даби побарала НАТО да ги повлече своите воени сили подалеку од границата со Русија, а Финска да замине од Алијансата и да го обнови својот статус на неутрална земја, пишува германскиот весник „Билд“.
Ова се само дел од предлозите на Москва за воспоставување нови безбедносни аранжмани во Европа, кои им биле пренесени на претставниците на САД и Украина. „Билд“ нагласува дека овој документ е само еден од неколку неофицијални нацрти и дека не може да се потврди дали е одобрен од Путин.
Молдавија би се трансформирала во федерација на централната територија, Придњестровје и Гагаузија. Ако Молдавија се приклучи кон ЕУ, на двата проруски региони би им било овозможено да одржат референдуми за независност.
За возврат, Русија би ги повлекла нуклеарното оружје и ракетите со среден дострел распоредени во Белорусија. Исто така би ги повлекла и своите војници од Придњестровје.
Ставот за Украина е непроменет. Русите побарале Киев да ги отстапи целите територии на Доњецк и Луханск, вклучувајќи ги и оние што сега ги контролираат украинските сили.
Пристаништата Одеса и Николаев би биле демилитаризирани. Посебни аранжмани би ја гарантирале слободата на пловидба во Црното и Балтичкото Море.
Киев би морал трајно се откаже од намерата за пристапување кон НАТО, но би можел да го продолжи процесот за членство во Европската Унија.