- САД и Велика Британија со преку 100 ракети од типот томахавк извеле воен напад на 60 цели на 16 локации во Јемен кои ги користат Хутите за напади со ракети и дронови врз товарни бродови во Црвеното море, во знак на солидарност со Палестинците во Газа.
- Помагале Холандија, Канада, Австралија и Бахреин.
- Ракети биле испалувани од авиони и од нуклеарна подморница.
- Американските Демократи оценуваат дека со нападот е прекршен американскиот устав.
- Русија побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН, за да разговара за нападите. Техеран соопшти дека ова е флагрантно кршење на суверенитетот на една земја. Кина е зазгрижена заради ескалацијата.
- 15% од глобалната поморска трговија се одвива преку Црвеното море кое со Суецкиот канал е поврзано со Медитеранот и претставува најкраток пат меѓу Европа и Азија.
- Кои се Хутите?
- На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
- Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна.
- Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка.
- Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
- Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
- Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
- Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.
- Наша стручна алпинистичка проценка: Не се важи!