Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Алан Форд се гаси, најавен е нов лик

12 септември 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во Италија излезе 650-от број на култниот стрип Алан Форд а неговиот творец, Макс Бункер (Лучано Сечи), рече дека уште десет броја и доста е.
  • Тој ја има осмислено дружината уште во 1969 година, ги црташе стрип уметникот Магнус (Роберто Равиола) а во Југославија стрипот беше обожуван и заради генијалниот превод на Ненад Брикси.
  • Бункер признава дека се заморил од Алан Форд и дека ќе работи на нов лик, женски. Ќе се вика Петра и во моментов не е јасно дали ќе има врска со бандата на Број 1 или ќе биде скроз башка приказна.

Види и: Алан Форд меме галерија

извор

Дронови погодија турски танкер близу Босфор

26 март 2026
  • Share
  • Post
  • Танкер за сурова нафта во сопственост на турска компанија бил погоден во координиран напад со летечки и пловечки дронови близу Истанбул, 14 милји од Босфор. Никој не ја презеде одговорноста за нападот. 
  • Танкерот „Алтура“ испловил со 140.000 тони сурова нафта од Новоросијск, на рускиот брег на Црно Море. Дроновите предизвикале штета на палубата и во машинското одделение, кое се наполнило со вода.
  • Министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу изјави дека нема повредени меѓу 27-те члена на екипажот.
  • Танкерот бил под санкции од Европската Унија, класифициран како брод од „Флотата во сенка“ на Русија.
извор

Иран со проектили го гаѓал носачот „Абрахам Линколн“

25 март 2026
  • Share
  • Post
  • Иранската морнарица објави дека истрелала крстосувачки проектили кон американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“. Ракетите не го погодиле носачот на нуклеарен погон, но го принудиле да ја промени позицијата. Американските сили не реагираа на ова тврдење.
  • „Постојано го следиме движењето на носачите и штом непријателската флота навлезе во дострел на нашите ракетни системи, таа ќе биде цел на моќни напади“, изјави командантот на иранската воена морнарица, адмиралот Шахрам Ирани.
  • И на 1 март Иран објави дека го погодил „Абрахам Линколн“ со балистички проектили. Централната команда на САД тоа го отфрли како „лажна вест“, прикажа снимки од носачот и објави дека ракетите „не се ни приближиле“ до него.
  • САД веќе го повлекоа од борбена позиција другиот носач на авиони „Џералд Форд“, откако пред две недели избувнал пожар во пералницата и стотици морнари останале без своите кревети. Носачот плови на поправка во бродоградилиште на Крит.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Јокиќ: Во САД отидовме со 1.000 евра, а браќата прво купија 100 пара чорапи

Кошарка
2

Керамидите почнаа да ја наплаќаат цената

Македонски рулет
3

Клупата на Водно веќе не е тажна

Разно
4

Македонците далеку стигнаа

Македонштина
5

За 20 години Израел нема да биде држава

Разно
6

Иран со проектили го гаѓал носачот „Абрахам Линколн“

7

Најдобриот играч на сите времиња според Лапорта

Фудбал
8

Видовитиот дедо

Балканштина
1

Иран со проектили го гаѓал носачот „Абрахам Линколн“

2

Американците не научија ништо од првата Танкерска војна

Свет
3

И Грците отидоа во вселената (а ти си ми уште скарана)

4

Контра услови на Иран за крај на војната

5

Градски птици со добра причина се навлекле на цигари

Занимливости
6

Техеран до Вашингтон: Преговарате сами со себе

Свет
7

Претрес во банка на Ротшилд во Париз поради врски со Епстин

8

Америка забрани ви-фи рутери од странство

Технологија
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Видовитиот дедо

Македонштина

Македонците далеку стигнаа

Разно

Клупата на Водно веќе не е тажна

Балканштина

Судир на цивилизации

Балканштина

Промена на врвот

Балканштина

Некои не губат време

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Сити мол бесплатен за пензионерите во вторник и петок

Музички кодирани говори

Грчките медиуми се дел од проблемот

Среќа е кога ќе ти остане бакшишот од Ајнштајн

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy