- Најмалку 6 години не работат термалните камери, коишто треба да бидат главниот безбедносен систем на граничните премини на Македонија, тврди техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.
- „Се прашувам дали намерно го правеле ова цело време за да му помогнат на шверцот“, вели Тошковски.
- „Системот е уништен. Систем нема и ова се страшни факти кои што беа посочени до мене. Говорам за тоа што го констатирав со свои очи на северната граница. Доколку не е така нека излезат и нека ме побијат со факти. Нека кажат дека има доволно човечки капацитети, нека кажат дека има доволно возила. И да не биде само ова, имаме полициска станица Јагуновце каде немаат ниту еден компјутер за работење“.
- Иран не може да најде доволно купувачи за својата сурова нафта пред да истече рокот за слободен извоз од 60 дена, согласно Меморандумот за разбирање со САД.
- Техеран на 1 јули соопшти дека испорачал над 40 милиони барели сурова нафта откако САД ја укинаа поморската блокада. Но, повеќе од 20 милиони барели се во азиските води подолго од седум дена, што е зголемување од речиси 18% во однос на претходната недела.
- Според извори на Блумберг, јасна дестинација немаат 90% од танкерите на кои се натоварени 58 милиони барели иранска нафта. Официјално се водат како „за нарачка“ или пловат кон Сингапур, со надеж дека ќе договорат извоз.
- Главна причина е намалената побарувачка на големиот азиски пазар, кој очекува испорака на нафта од другите земји од Персискиот Залив. Кина, најголемиот увозник на иранска нафта пред војната, го преполовила увозот на 654.000 барели. Само еден ирански танкер истоварил нафта во Кина во изминатата недела. Индија чека конечен договор и целосно укинување на санкциите за да прави долгорочни нарачки.
- Ограничувањата на Европската Унија и Британија сè уште се на сила. „Купувачите остануваат претпазливи дека Вашингтон би можел повторно да воведе санкции ако преговорите пропаднат“, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент.
- Сè уште убеден дека Иранците го мразат своето раководство, Доналд Трамп бил изненаден од снимките како милиони луѓе плачат на погребот на нивниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи. „Можеби се лажни солзи“, изјави Трамп за Аксиос, коментирајќи ги сцените.
- Говорејќи за масовноста на собирот, Трамп истакна дека САД можеле со еден проектил да го елиминираат целото иранско раководство. „Сите се таму. Еден истрел и можеме да ги елиминираме сите, но нема да го направиме тоа бидејќи тогаш не би имале со кого да преговараме“, рече Трамп.
- Десетици милиони луѓе низ целата земја му изразија последна почит на Али Хамнеи, убиен со проектил во првите моменти од војната што САД и Израел му ја објавија на Иран.
- Повеќе од 6 милиони луѓе присуствувале на молитвениот комплекс Големата Мосала во центарот на Техеран, каде што беше положено телото на ајатолахот.
- Во метрото во Техеран во саботата бил регистриран рекорден број од 9 милиони патувања. Уште многумина пристигнале на церемониите со сопствен превоз.