- Податоците од ‘Мој термин’ покажуваат дека во 2025 година има 33 отсто зголемување на боледувањата до 30 дена, споредено со 2021 година, година на ковид пандемијата.
- „Денес бележиме дополнително зголемување од 33 отсто, односно повеќе од 300.000 боледувања во текот на 2025 година“, рекол министерот за здравство, Сашо Клековски.
- Во боледувањата доминираат две главни дијагнози – респираторни инфекции на горните дишни патишта, и гастроентеритисот.
- Во однос на долгите боледувања, иако нивниот број останува релативно стабилен – околу 25.000 годишно – има значително зголемување на средствата што се исплаќаат за нив.
- „Правилата за боледување не се ревидирани од 2012 година. Поминаа 14 години, што е доволно време да се разгледаат боледувањата“.
- Силите на НАТО на Косово почнаа постепено ѝ го предаваат на локалната и на меѓународната полиција обезбедувањето на две критични локации – српскиот манастир Дечани и главниот мост на реката Ибар во Митровица.
- КФОР објави дека трупите ќе задржат видливо присуство на двете страни на Митровица и низ северот на Косово. Персоналот ќе биде распореден за да реагира итно на какво било влошување на безбедносната ситуација.
- Процесот ќе биде постепен и координиран со косовските институции, косовската полиција, ЕУЛЕКС и други меѓународни актери.
- Српска листа, најголемата српска политичка партија во Косово, остро се спротивстави на какво било намалување на присуството на КФОР кај мостот во Митровица и побара итна средба со командантот на трупите генералот Озкан Улуташ.
- Иран наскоро ќе ѝ се приклучи на Новата банка за развој на блокот БРИКС, што на Техеран ќе му отвори нов канал за финансирање на развојот, надвор од системот во кој доминираат западните земји.
- Иран, кој со децении трпи тешки американски и меѓународни санкции, пред две години стана полноправна членка на БРИКС, економско-политичкиот сојуз формиран од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.
- Една од главните цели на БРИКС е да ја намали зависноста на членките од американскиот долар преку поттикнување на трговија и финансиски трансакции во нивните национални валути.
- Иран се залага за билатерални порамнувања во локални валути, па дури и за воведување единствена валута на БРИКС. Новите чекори кон дедоларизација опфаќаат поединечни аранжмани – како што се плаќањата во јуани за трговија со нафта и гас, и напорите на Русија и Иран за поврзување на нивните банкарски системи.