- „25 години затвор за кражба на осум милијарди долари од клиенти на сега банкротираната берза за криптовалути ‘FTX’“ – пресуди американскиот суд во Менхетн во случајот со Сем Бенкмен-Фрид, што се смета за една од најголемите финансиски измами во историјата на САД.
- Обвинителите го товареа Бенкмен-Фрид дека ги лажел инвеститорите и заемодавачите, како и дека украл милијарди долари од берзата за крипто-валути, што предизвикало да се забрза нејзиниот колапс. Обвинението се однесуваше за седум точки за измама и перење пари.
- Освен затворската казна на Бенкмен-Фрид ќе му биде одземен и имот од 11 милијарди долари.
- Европската Унија стои зад „немирите во Србија“ и на 1 ноември ќе ја искористи годишнината од уривањето на настрешницата во Нови Сад за да „го доврши српскиот Мајдан“, тврди Службата за надворешно разузнавање на Русија (СВР).
- „Сегашните немири во Србија, со активно учество на младите, во голема мера претставуваат производ на субверзивните активности на Европската Унија и членките на тој сојуз. Целта на европскиот либерален мејнстрим е да доведат на власт послушно раководство, кое ќе му биде лојално на Брисел“, објави руското СВР.
- Во извештајот се додава дека на европската елита ѝ поаѓа од рака да ја спроведе намерата, бидејќи младите се радикализираат и преминуваат од мирни протести на „револуционерни методи на борба и насилство“. Како причина зошто во Србија досега не успеало веќе испробаното сценарио на „обоени револуции“, руската служба ги наведува „патриотските чувства, влијанието на Српската православна црква и сеќавањето на бомбардирањето од НАТО“.
- Претседателот Александар Вучиќ им се заблагодари на руските партнери на известувањата за плановите за насилна промена на власта. „Не се сомневам дека можат туку така да се откажат. Премногу пари се вложени, па затоа ќе мора да направат последен обид да ја преземат власта со сила. Подготвени сме за тоа долго време“, изјави Вучиќ.
- Руската служба објави и список од „независни медиуми што ѝ го перат мозокот на српската младина“. На него се Фонет, RAM Network, Време, Јужне вести, Слободна реч, Бум93, Подринске, Freemedia, Инѓија, СОинфо, ФАР, Storyteller, како и невладината организација Линк, за кои е истакнато дека добиваат значителна финансиска поддршка од Брисел за организирање на „српскиот Мајдан“. Асоцијацијата на независни електронски медиуми (АНЕМ) го оцени извештајот на СВР како „дел од специјалната војна, која дополнително ја загрозува безбедноста на новинарите и на локалните медиуми кои професионално известуваат за случувањата во Србија“.
- "Денеска имам голема чест да поднесам тужба против Њујорк Тајмс за клевети и нарушување на угледот, во износ од 15 млијарди долари“, пиша американскиот претседател на неговата социјална мрежа.
- Тужбата ќе ја поднесе во Флорида но не специфицираше за кои точно написи и тврдења се работи. Тврди дека весникот подолго време намерно го клевети него, неговото семејство и бизнис.
- Медиумот кој го тужи Трамп го опиша како еден од најлошите и најизопачени медуми во историјата на земјата кои се имаат претворено во мегафони на радикалната левичарска Демократска партија.