- Ако малку подобро се погледа кои се компаниите со бугарски капитал, ќе се види дека уделот на бугарскиот капитал во овие 157,7 милиони евра не е многу голем, пишува Пари.
- Двете водечки компании по приход се само подружнициза големи компании што работат во многу земји.
- Секој месец во Рамстор се трошеле по 4,5 милиони евра, од годинава тоа ќе го собира новиот сопственик.
- Полскиот маратонски пливач Бартломеј Кубковски стана првиот човек во историјата што го препливал Балтичкото Море меѓу Шведска и Полска.
- Во неделата навечер, исцрпениот Кубковски исправен излегол на плажата во градот Ѓивнув, на полскиот северен брег, откако во петокот влегол во морето од Касеберга во Шведска.
- Растојанието од над 160 километри го пливал 56 часа. Не спиел и не го допрел чамецот од кој добивал храна и течности.
- Ова бил петтиот обид на Кубковски да го преплива Балтикот. За потфатот собра донации од над 715.000 злоти (166.000 евра) за лекување деца болни од рак.
- Во исто време, но по друга делница од 172 километри, од Шведска до Полска пливаше и Каролина Шчепањак, но мораше да се откаже по 58 часа во студеното море. Во својата кампања таа собра донации од 470.000 злоти за лекување на 14-годишно момче.
- Трговците со луѓе профитираат од амнестијата за азил што ја прогласи премиерот Педро Санчез. Сега префрлаат мигранти од Британија кон Шпанија, со ветување дека ќе им биде легализиран статусот и ќе добијат пристап до европската зона на слободно движење.
- Оваа шема главно е наменета за мигрантите во Британија што се соочуваат со депортација или им изминала важноста на визите и дозволите за престој. Плаќаат по 1.000 фунти за да се вратат по патот од кои пристигнале на Островот.
- Контролата за излез од Британија кон Европа е многу послаба од онаа за влез. Шверцерите префрлат мигранти во Франција со траекти или со камиони или возови преку тунелот под Ламанш, а потоа ги водат до Шпанија.
- Услугите се рекламираат на социјалните мрежи преку видеа на кои се прикажани мигранти како скокаат од камиони во француски рурални предели. Други личат на реклами за туристички патувања, со слики од Ајфеловата кула, Колосеумот и Бранденбуршката порта.