Ужас! Демоните навистина постојат!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Коментар.

Повеќето луѓе на нашето време не веруваат во нив, но всушност токму преку демони можат да се објаснат многу од случувањата во една личност како кошмари, болести, па дури и смрт. Прифатена е тезата дека демоните не се само духови, а се зли духови.

Во нашата религија, христијанството, се смета дека демоните се сите оние ангели кои згрешиле пред Бог, бесно и тој ги протерал од рајот. Така тие се најдоа во пеколот, каде што Ѓаволот станал нивен водач. Еден од најпознатите случаи од опседнатост од демони е овој на Анелиз Мишел. Таа е родена во 1952 година во мало Баварско гратче. Уште на 16-годишна возраст, девојчето почнало да добива епилептични напади и да халуцинира. Лекарите и не успевале да откријат што му е на девојчето, а пропишаниот третман воопшто не дејствувал.

Семејството ги искористило и услугите на локалниот епископ, кој употребил Екзорцистички католички методи за да ја излекува. Во меѓувреме, изгледот на Мишел почнал се повеќе да се влошува. Конечно за жал се стигнало до смртен исход и тоа на само 23 години. Еден месец пред својата смрт таа одбивала секаква храна, по што умира за време на сонот. Официјалната верзија за смртта на младата девојка е тоа што сите и органи одбиле да работат.

Навистина не посакуваме на никого да поседува од овие симптоми. Нека Господ биде со нас и не пази!

29 март 2014 - 11:56