Требаше да ја плукнеш Емина, а не да ја колнеш!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Девојка.

После скандалот со Илма Карахмет водителот и даде совет дека требало да ја исплука Емина Јаховиќ!

Учесничката во музичкото шоу “Х Фактор“ Илма Карахмет предизвика вистински скандал кога на друштвената мрежа Facebook упати клетва на сметка на Емина Јаховиќ.

Иако многумина го осудија незиниот потег, водителот Дејан Станковиќ Крал на својот профил и даде поддршка на Илма и на незините родители кои исто така ја обвинија Емина за незиното исфрлање.

„Поддршка за учесничката Илма Карахмет  и незините родители! Родителот треба да се бори за своите деца, поготово ако се талентирани како неа. Илма,  отфрли ги сите негативни критики кои ги добиваш затоа што си колнела. Да ме прашаше мене, требаше да ја исплукаш! Шоубизнисот е многу нечиста работа. Бори се во кафез со лавови и покажи дека си неуништлива!“ – напиша прилично остро Дејан.


 


11 март 2014 - 13:29