Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Во центар.
Северина Вучковиќ редовно одржува концерти и во Хрватска и во регионот, а еден од нејзините неодамнешни настапи во Белград ќе се памети долго.
Позната како некој што сака да се шегува, секој нејзин концерт има различен дух, а програмата на пејачката не е иста.
На еден од последните настапи таа дури го смени и текстот на еден од нејзините најголеми хитови за да ги испровоцира поранешниот сопруг Игор Којиќ и поранешниот партнер Милан Поповиќ, кои сепак се во одлични односи. Северина доби овации и силен аплауз за гестот кој го направи, но тука не е крајот на сè.
Се знае колку пејачките се подготвуваат за настапи, концерти и генерално за сите јавни настапи, но не и Северина.
Имено, Вучковиќ без проблем излезе на сцената со крпа на главата и пееше на цел глас, што присутните го прифатија со смеа и ентузијазам.
Со овој гест пејачката постави нови стандарди, но и докажа дека на својата публика може без двоумење да и’ приреди вистинско задоволство во секое издание.