Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Струмица Онлајн.
Еве, овие огромни луѓе најверојатно го изградиле едно од необјаснивите чуда на Земјата – египетските пирамиди. Тоа се случило не откако постои годишното броење на времето, туку пред цели 12 – 20 000 години.
Тогаш живееле овие огромни луѓе со висина од 4 до 12 метри. Такви скелети на гигантски луѓе веќе се откриваат низ целиот свет, како на копно, така и под вода. Целата информација објавена на руски јазик заедно со 6 фотографии вклучувајќи и 13 докази дека овие огромни луѓе постоеле може да видите на овој линк.
Не се тоа Eгипќаните кои ги изградиле пирамидите! Група од независни истражувачи кои работат на ова прашање во текот на многу години и формираат вистинска слика за она што се случувало на планетата Земја се категорични дека овие гиганти ги граделе египетските пирамиди, а не Египќаните.
Жителите на Земјата пред 20 000 години поседувале огромна физичка сила и феноменални ментални способности. Тоа е цивилизацијата која постоела, но никој не знае зошто и како загинала.
Во целиот свет вкупниот број на изградени пирамиди е повеќе од 600. Изградбата се врши со строго дефинирана геометрија. Пирамидите биле изградени без употреба на ниту една ропска сила. Технологијата е едноставна како геометријата. Се користи и до ден денес и таа е заедничка, кофражнаи општа. Целта била поврзување со космичката енергија за чија употреба научниците сеуште не знаат како се случувало.
Со доаѓањето на човековата цивилизација пред 2000 година, особено Египќаните почнале да се поклонуваат на врховните богови кои ги граделе пирамидите и гробниците – така се стига до религијата. Самите Египќани сепак никогаш не ги граделе овие пирамиди.
На овој линк ќе видите слики на огромните луѓе кои живееле пред 20 000 години. Можете ли да замислите што е човечкиот живот од едно 70-80 години? Колку малку време сме на оваа земја …