Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Струмичкиот модел и инфлуенсерка Љупка Митрова ужива во летото со полна пареа. Летните убавини ги вдишува со полни гради, а за да ја разбие монотонијата постојано ја менува дестинацијата.
И тоа која од која поегзотична, попривлечна, побајковита и поромантична… Парите за сексапилната струмичанка не се проблем, зашто кај кумашинката на Заеви ги има доволно и потесното и поширокото семејство.
Рајскиот остров Занзибар како од Бога дар, па во јуни струмичката убавица на журкање на Ибица, за потоа од Шпанија да се прешалта во Италија, каде подоцна или порано не можела да не ја посети престолнината на модата – Милано!
И уште впечатоците не ни слгнале, а веќе се тука новите фотографии и видеа на нејзиниот Инстаграм, кои ако сте ги погледнале ќе видите дека сексапилната струмичанка веќе одбрала ново место за забава.
На неа и блиската фамилија Грција им е како дома, па Љупка каде и да оди не го прескокнува Егејот и неговите морски убавини, особено кога се во прашање најпознатите грчки острови!
А таму, Љупка во свој фазон… Или испружена на лежалка ги впива златните сончеви зраци, заруменета како зрелата праска со која се освежува.
Или кога не е на копно, глисерот е тука за возбудлива морска прошетка меѓу карпестите ували, каде може да се укотви и засолни, кога јавањето по брановите ќе и здосади. Бајковитата морска глетка, на која сексапилната убавица како капетан на белата лаѓа фрлила сидро во плиткото, додека ужива во овошното освежување, укотвена близу до копното.
Овој пат летната морска идила надополнета со интересен голем цветен дезен на костимот за капење, а под него бикините украсени со малечки школкички кои висат однапред над подножјето на меѓуножјето, што ја прави глетката уште повозбудлива додека глисерот на малите бранови, дискретно се лула.
Сепак, заеднички именител на сите нејзини секси изданија е една – единствена работа.
На Ибица, во Милано, на Занзибар или Миконос… Каде и да е, кај Љупка Митрова тангата еднакво длабоко потонува во големата извајана задница… Како вкусен загриз во лубеница… Сочна и зрела… „Мириса на радост“ цела!