Македонците плачат за најправичната бабичка на светот: Умре актерката од серијата “Малечката невеста“

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вечер.

Индиската актерка Сурека Сакри почина на 77-годишна возраст.

Актерката ја имаше главната улога во скоро сите серии, а во Македонија е позната по ликот на бабата Каљани Деви во хит-сапуницата „Малечката невеста“, за што доби и награда.

Суреки почина, како што објавија медиумите, поради срцев удар, а многу македонски фанови се збогуваат со актерката.

Потсетуваме, серијата „Малечката невеста“ беше прикажана во периодот од 2011 до 2016 година, каде гледачите го следеа животот на главните ликови и одредени обичаи во Индија во дури преку 2.000 епизоди.

Останатите 245 епизоди сè уште не се прикажани во Македонија.

 

20 јули 2021 - 09:49