Цеца Ражнатовиќ ќе се мажи во 2015 година?

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Штипка.

Доколку и веруваме на астрологијата, и пред се на нашите астролози, Светлана Цеца Ражнатовиќ оваа година ќе запознае еден човек со кој за кратко време ќе се омажи.

Цеца во септември или ноември оваа година ќе го запознае човекот со кој што ќе се омажи во февруари 2015. Човекот што ќе го освои срцето на пејачката е од овие простори, мошне е богат, а поврзан е со странство, бидејќи таму го има започнато својот бизнис, вели астрологот Душан Величковиќ за Ало и додава:

„Средбата помеѓу нив двајцата ќе биде фатална, бидејќи ќе ги привлече взаемна хемија која што ќе се појави веднаш штом ќе се запознаат. Големата страст и љубов ќе се почувствува веднаш, а токму тоа е она што пејачката го чека со години. Тие двајцата веднаш ќе започнат врска, а во 2015 година Цеца со избраникот на нејзиното срце ќе стапи во брак, и тоа во месец февруари. Бидејќи нејзината Венера е во рак, тоа покажува дека нејзиниот нареден брак ќе биде со мошне успешен и добро ситуиран бизнисмен кој е поврзан со Америка и Канда. Тој ќе ја одведе некаде далеку, покрај некое море или океан, каде нејзината душа ќе пронајде мир“, заклучува познатиот астролог.

Цеца: Кралицата Елизабета е симпатична бабичка!

Инаку Цеца во моментов престојува во швајцарскиот град Лугано каде треба да одржи концерт, а сместена е во луксузната вила Леополд која е омилено одмаралиште на членовите на англиското кралско семејство. Што се однесува до нејзиното сместување, таа за медиумите изјави:

„Никогаш не ми е важно колку е луксузно. Што се однесува до кралицата Елизабета, па таа е многу симпатична бабичка“, низ насмевка заклучила таа.

Извор: Alo.rs

1 април 2014 - 09:52