Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Роберт Орданоски повторно е во центарот на вниманието по скандалот кој ја разбранува македонската јавност. Очигледно сагата за „разводот на годината“ допрва почнува да се развива, така што епилогот е сосема неизвесен… како во латиноамериканска сапуница или турска серија во поново време сеедно, но сепак едно е сигурно: Никому не му е лесно од двајцата, формално-правно се’ уште брачните другари.
Сепак, се чини дека повеќе пати Роберт, кој последно нешто што направил по најдолгата ноќ во животот за него, како што самиот вели, посегнал по приватната фото-архива, па ја сподели свадбената фотографија со Агнеса, ставајќи ја за главна на својот Фејсбук профил.
Очајнички или покајнички потег на извинување според едни, обид да се прати порака дека се’ не е готово и брачниот бродолом може да се спаси, а на заедничката љубов треба да и се даде уште една шанса според други, влегување од една во друга глупост, според трети… Што и да е, барем е искрено и отворено од негова страна, иако можеби е задоцнето покажување на емоциите кое нема многу да му помогне, зашто според онаа народната: После „онадуење“ – нема каење“! Но, екс-директорот на пат да стане бивш сопруг, сепак решил да проба тоа да не му се случи!
Додека Роберт со децата беше на Пелистер од каде и тргна во јавноста целата брачана циркузијада на социјалните мрежи, Агнеса најпрвин се огласи во медиумите со својата страна на приказната, која можеби и не беше баш најубедлива, иако за едно беше сто насто во право: Брачните проблеми не се решшаваат преку социјалните мрежи, а „валканиот брачен веш“ не се вади на виделина, на увид на јавноста! Во меѓувреме русокосата „барбика“ го смени презимето, поточно од Орданоска, си го врати своето, моминското, Органџиева… Барем за во јавноста, на социјалните мрежи, покажувајќи пркос и решителност дека „капката ја прелила чашата“?!
Враќајќи се кон дома од Пелистер, Роберт се огласи со нов статус на својот Фејсбук… Некаде од некој паркинг покрај Велес… Барајќи јавно брачен совет што понатаму? „Што од правен аспект значи оваа циркузијада?“ – како што самиот напишал:
Во меѓувреме додека тој и децата неколку дена зимуваа на Пелистер, неговата се’ уште законска сопруга Агнеса го напуштила заедничкиот дом, собирајќи ги сите свои работи и работите на децата и заминала кај своите родители. Засекогаш или привремено, ќе покаже времето.