Време на подготовка:
5 мин.
Време на готвење:
35 мин.
Вкупно време:
40 мин.
Порции
2 лица
Состојки
- 2 црвени пиперки , исечени покрупно
- 2 главици кромид исечени на четвртини
- 3 чешниња лук
- 2 лажички анасон
- 1 лажичка жалфија
- сол и бибер
- 2 лажици маслиново масло
Подготовка
Загрејте ја рерната на 220 степени.
Во поголем сад за печење измешајте го зеленчукот, зачинете го и додадете маслиново масло.
Зеленчукот печете го во загреана рерна 35 минути. На половина од печењето промешајте го со лажица.
Предлагаме овој прилог да го послужите со пржена крцкава сланина и пиво.