Време на подготовка:
30 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
50 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 500гр. компири излупени и исечени на коцки
- 2 лажици маслиново масло
- 1 главица кромид, ситно сецкан
- 2 чешниња лук, сецкан
- 450гр. свински колбаси, сецкани
- прстофат буковец
- 1 лажичка рузмарин
- 250мл. бело вино
- 2 тиквици, рендани
- 60гр. спанаќ
- 120гр. грашок
- 40гр. растопен путер
- 120гр. урда
- 2 лажички нане
Подготовка
Сварете ги компирите во тенџере со вода 20 минути.
Загрејте масло во тава на среден оган. Испржете ги лукот и кромидот 3-4 минути. Додадете ги колбасите и зачинете со буковец и рузмарин. Гответе ги уште 3-4 минути па додадете го виното.
На крај додадете ги тиквиците, грашок и спанаќ и гответе ја смесата уште 2 минути.
Загрејте ја рерната на 220 степени.
Во сад испасирајте ги компирите и измешајте ги со урда, путер и нане. Во огноотпорен сад ставете ја смесата со колбасите и зеленчукот. Одозгора рамномерно додадете ја смесата со компири и урда.
Печете ја питата 10 минути. Послужете ја веднаш со свежа салата како прилог.
На здравје!