Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
20 мин.
Порции
2 лица
Состојки
- 220 гр. Моцарела сирење
- 10 чери домати пресечени на половина
- 1 чешне лук
- сол и бибер
- маслиново масло
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Премачкајте мал огноотпорен сад со маслиново масло. Наредете го на дното половина од Моцарела сирењето. Врз него наредете ги доматите, ситно исецкан лук, сол и бибер. Одозгора распоредете го остатокот од сирењето. Зачинете со неколку капки маслиново масло.
Печете го сирењето во загреана рерна 5-7 минути или додека се растопи.
Послужете го топло.
На здравје!