Печени компири со хопла и сирење

Време на подготовка:
 15 мин.

Време на готвење:
 60 мин.

Вкупно време:
 1 ч. и 15 мин.

Порции

 4 лица

Состојки

  • 4 поголеми компири
  • 200 гр. путер
  • 200 гр. пармезан
  • сол и бибер
  • маслиново масло
  • 120 мл. хопла
  • 120 гр. кашкавал
  • 4 лажици кисела павлака

Подготовка

Добро измијте ги компирите под силен млаз на вода. Потоа со остар нож направете засеци во компирите со околу 1/2 см. дебелина, внимавајќи да не ги пресечете до крај.

Исечете го путерот на тенки парчиња. Сечењето ќе ви биде полесно ако предходно го оставите путерот во фрижидер за замрзнување неколку минути за да се излади и да се стврдне. Пармезанот исечете го на тенки парчиња.

Потоа внимателно редете ги наизменично парчињата пармезан и путер во засеците од компирите.

Наредете ги компирите во тава за печење. Зачинете ги со сол и бибер по вкус и капнете врз секој по малку маслиново масло.

Печете ги компирите во загреана рерна на 200ºC 45 минути.

Извадете ги компирите од рерна. Прелијте врз секој од компирите хопла и додадете одозгора рендан кашкавал. Потоа вратете ги во рерна и печете ги дополнителни 15 минути.

Послужете ги топли прелиени со малку кисела павлака.

19 мај 2012 - 22:10