Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
20 мин.
Порции
2 лица
Состојки
- 2 домати
- 2 лажици путер
- 6 лажици ситно сецкан кромид
- 150 гр. лебни трошки
- 1 лажичка рузмарин
- сол и бибер
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Пресечете ги доматите на половина. Одстранете ја срцевината и наредете ги врз плех за печење со пресечената страна нагоре. Зачинете ги со сол и бибер.
Загрејте го путерот во тава на среден оган. Пржете го сецканиот кромид 1-2 минути. Потоа додадете ги лебните трошки и рузмаринот и добро промешајте. Поделете ја смесата во четирите половинки од доматите и малку притиснете ја со лажица. Печете ги доматите во загреаната рерна околу 5 минути или додека лебните трошки не добијат златно жолта боја.