
Време на подготовка:
5 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
15 мин.
Порции
1 лица
Состојки
- 2 јајца, издвоени жолчки од белки
- 1 лажица млеко
- 3 лажици сецкани листови млад спанаќ
- 2 парчиња шунка, исецкани
- 50 гр. кашкавал, рендан
Подготовка
Намачкајте тава со малку масло и загрејте ја на рингла на среден оган. Пропржете го спанаќот 1-2 минути додека да омекне. Потоа извадете го спанаќот во чинија и избриште го тавчето со хартиена салфетка.
Изматете ги жолчките во чинија заедно со млекото. Во друга чинија изматете ги белките со жица за матење . Потоа внимателно додадете ги белките во жолчките и измешајте ги.
Во истата тава на рингла на среден оган истурете ги изматените јајца и печете ги 3-4 минути без мешање. Додадете шунка, спанаќ и кашкавал врз половина од омлетот. Потоа внимателно превиткајте ја другата половина за да го преклопите.
Послужете го омлетот веднаш.
Пријатен апетит!