Доручек

Лепчиња со јајца и сланина

Рецепт за вкусен гурмански доручек.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
5 мин.

Вкупно време:
15 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 лажици масло
  • 4 лепчиња за сендвич
  • 120 гр. сланина, тенко сецкана
  • 4 јајца
  • 4 парчиња кашкавал

Подготовка

Загрејте една лажица масло во тава на среден оган. Испржете ја сланината 2-3 минути додека да добие светло кафеава боја. Префрлете ја во чинија.

Лепчињата пресечете ги на половинки и притиснете ги на тост да се потпечат.

Во меѓувреме во тава загрејте лажица масло на посилен оган и испржете ги јајцата околу 4 минути.

Потоа врз долните половинки од лепчињата ставете сланина. Врз сланината поставете по едно јајце и по едно парче кашкавал. Загрејте ги 1 минута на тостот додека да се растопи кашкавалот без да ги притискате.

Послужете ги веднаш поклопени со горните половинки од лепчињата.

16 февруари 2013 - 10:39