Топла закуска

Крокети

Вкусни крокети од сланина и моцарела.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 4 парчиња сланина, ситно сецкана
  • 400гр. ладно пире од компири
  • 1 жолчка од јајце
  • 2 главици млад кромид, ситно сецкан
  • 150гр. брашно
  • 40гр. моцарела, исечена на ситни парчиња
  • 300гр. лебни трошки
  • 1 цело јајце
  • 50мл. млеко
  • масло за пржење
  • мешана зелена салата за прилог

Подготовка

Загрејте тава за пржење на рингла на средна јачина. Пржете ја сланината 3-4 минути. Потоа извадете ја во чинија обложена со хартиена салфетка.
Измешајте ги пирето од компир, жолчка од јајце, кромид, сланина и 50гр. брашно во длабок сад. Со лажица формирајте 20 топчиња од смесата. Во центарот на секое топче ставете едно парче моцарела. Обликувајте го топчето за да не се гледа сирењето.
Остатокот од брашно ставете го во чинија. Во друга чинија ставете ги лебните трошки. Во длабока чинија изматете го јајцето со млеко. Панирајте ги крокетите во брашно, јајце и лебни трошки.
Загрејте масло во длабока тава на посилен оган. Пржете ги крокетите по 3-4 минути додека да добијат златно жолта боја. Вадете ги во чинија врз хартиена салфета.
Послужете ги крокетите топли со мешана зелена салата како прилог.

14 јуни 2013 - 07:00